Реал Мадрид планира продажба на Бејл и Иско оваа зима

Шпанскиот весник „Марка“ информира дека Реал Мадрид има намера во јануари да продаде неколкумина свои играчи. Меѓу нив најчесто споменувани се Иско и Герет Бејл. Договорите на двајцата играчи со клубот од Мадрид истекуваат во летото 2022 година.

Останати фудбалери кои можат да се најдат на листата за јануарска продажба се Марсело, Маријано Дијаз, Лука Јовиќ и Еден Азар.

Од Реал Мадрид доаѓаат информации дека се отворени за разгледување на понуди за овие играчи.

„Кралскиот клуб“ со евентуална продажба на наведените фудбалери би собрал доволно финансии за летната трансфер кампања со која се планира доведување на нови засилувања во екипата.