Реал нуди пари и Борха Мајорал за потписот на Влаховиќ

Извесно е дека Рома нема да ја активира опцијата за Мајорал која чини 20 милиони евра, а со тоа ќе се отвори можноста за Фиорентина и Реал Мадрид да можат да постигнат договор за Влаховиќ.

Со тоа што Фиорентина е заинтересирана за ангажман на Борха Мајорал, напаѓачот кој за Рома настапува на позајмица од Реал Мадрид, „Виолетовите“ би имале можност да имаат одредени придобивки доколку постигнат договор со „Кралевите“ за Душан Влаховиќ.

Реал Мадрид сериозно размислува за ангажман на Влаховиќ, а за таа цел би можел на Фиорентина да и ги понуди токму Мајорал, но уште и Лука Јовиќ, како и продолжување на позајмицата за Алваро Одриозола за дополнителна сезона.

Се верува дека Реал Мадрид веќе дал зелено светло за трансфер на Мајорал во Фиорентина, меѓутоа, останува отворено прашањето околу одлуката на Влаховиќ, за кого истовремено се интересираат уште Јувентус, Арсенал, како и Тотeнхем.