Ренато Санчез се договори, доаѓа во ПСЖ за плата од шест милиони евра годишно

Играчот од средниот ред на Лил и Португалија, Ренато Санчес е блиску до договор за личните услови со Пари Сен Жермен.

Според изворот, францускиот клуб му понудил на 24-годишниот играч тригодишен договор со плата од 6 милиони евра по сезона. Претходно беше објавено дека Милан е главен кандидат за Санчес, но подоцна се дозна за намерата на ПСЖ да го купи португалскиот играч за врска.

Да потсетиме, Санчес се пресели во Лил од Баерн Минхен во 2019 година. Португалскиот фудбалер минатата сезона имаше 25 настапи во Лига 1, постигнувајќи два гола и пет асистенции. Санчес е дел од португалската репрезентација од 2016 година.