Ренџерс испадна од Европа на пенали, Миовски прецизен егзекутор

Глазгов Ренџерс е елиминиран од Јаблонец во плеј-офот од Лигата на Конференции на пенали, откако загуби со 4-3. Шкотскиот тим на крајот не успеа да се пласира во групната фаза, и нема да игра во Европа.
Бојан Миовски влезе во вториот дел, а беше реализатор на вториот пенал во серијата. Но, Ренџерс ги промаши последните два пенали, и така се елиминирани.
Миовски е на излезна врата од Ренџерс, и се шпекулира за трансфер во Валенсија, така што можеби ова ќе биде негов последен настап за тимот од Шкотска.