Репрезентативецот Букајо Сака најави заминување од „Емирати“

Младиот фудбалер на Арсенал, Букајо Сака, може да ја промени клупската средина најавуваат денеска медиумите во Англија.

Наводно, шпанскиот Атлетико Мадрид и италијанскиот Јувентус покажуваат дека се заинтересирани за 20-годишниот англиски репрезентативец. Според наведеното,  англискиот тим е подготвен да се раздели со играчот за најмалку  50 милиони евра.

Сака кој потекнува од школата на „ топчиите“, во сезонава има реализирано 6 натпревари во сите конкуренции  и постигнато еден гол.