Рома го сака Швајцарецот Денис Закарија

Жозе Мурињо е силно заинтересиран за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија. Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата.

Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на Жозе Мурињо

Рома се обиде и во летниот преоден рок да го донесе на „Олимпико“, но преговорите со Мехенгладбах завршија без успех.