Роџер Федерер го пропушта Австралија опен

Поранешниот светски рекет број еден, Роџер Федерер, нема да учествува на Австралија опен, бидејќи се уште се опоравува од повредата, открива неговиот тренер Иван Љубичиќ. Според него, Федерер е решен да се врати на тениските терени следната година.

Швајцарецот е надвор од тенисот од неговиот пораз во четвртфиналето на Вимблдон оваа година, после што имаше операција на коленото.

„Мислам дека Австралија не е остварлива цел во моментов. Шансите се многу мали, тој се уште се опоравува но добро го познавам и знам дека ќе сака да биде 100 проценти подготвен пред да се врати на теренот“, изјави Хрватот Љубичиќ.