Рудигер нема повеќе да игра за германската репрезентација

Антонио Ридигер донел одлука да стави крај на репрезентативната кариера и повеќе да не го носи дресот на Германија, објавува „Марка“.

Искусниот дефанзивец сака во иднина целосно да се фокусира на обврските во Реал Мадрид и да го намали бројот на натпревари во текот на сезоната.

Ридигер по завршувањето на Светското првенство во 2026 година детално ја разгледал својата иднина и проценил дека токму сега е вистинскиот момент да се повлече од националниот тим. Една од главните причини е желбата да го зачува физичкото ниво и да има повеќе време за опоравување.

За Германија дебитираше во 2014 година, а во 12 години во репрезентативниот дрес запиша 86 настапи и постигна три гола. Со националниот тим го освои и Купот на конфедерациите во 2017 година.

Неговото заминување доаѓа во пресрет на новиот циклус на германската репрезентација, која ја презеде Јирген Клоп. Ридигер, наводно, сака да им отвори простор на помладите дефанзивци и да се насочи кон клупските обврски.