Руи Коста е нов претседател на Бенфика

Португалскиот фудбалски великан Бенфика го именуваше својот поранешен фудбалер Руи Коста за нов претседател на местото на Луис Филипе Виеира, кој заврши во притвор поради наводни даночни измами и перење пари.

Коста досега беше потпретседател на клубот, а новата функција ја презеде откако доби едногласна поддршка од сите членови на одборот на Бенфика.

„Времињата се доста предизвикувачки, но сакам силна Бенфика. Клубот ќе го водам со гордост, страст и посветеност како првиот пат кога го облеков дресот на Бенфика.“ – изјави Коста.

„Свесен сум за одговорноста која ја презедов и што се очекува од мене. Нашиот приоритет се подготовките за новата сезона, во која влегуваме со големи амбиции. Сакам силна, соединета Бенфика и секојдневно ќе работам на тоа.“ – заклучи Коста.