Садио Мане е замената за Мбапе во ПСЖ

Садио Мане може да ја продолжи кариерата во француската Лига 1. Пари Сен Жермен е заинтересиран за услугите на 30-годишниот крилен напаѓач, тврдат медиумите од Франција.

Според нив, парискиот клуб ќе биде фаворит за потпис на Сенегалецот доколку тој реши да го напушти Ливерпул. Поради сериозниот интерес на ПСЖ и евентуалната висока плата, Мане се сомнева дали треба да го продолжи договорот со Ливерпул.

Да потсетиме, Садио Мане се пресели во Ливерпул од Саутемптон во 2016 година. 30-годишниот сенегалски фудбалер оваа сезона забележа 49 настапи за Ливерпул во сите натпреварувања. Постигна 22 гола и имаше две асистенции. Неговата вредност се проценува на 80 милиони евра.