Садио Мане спремен за настап против Арсенал

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, може да здивне бидејќи Садио Мане во текот на вчерашниот ден тренираше со екипата и се очекува да биде подготвен за саботното дерби со Арсенал.

Крилниот напаѓач на „црвените“ заработи повреда за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу неговиот Сенегал и репрезентацијата на Того, па беше заменет во текот на првото полувреме. После средбата тој се врати во Ливерпул каде беа направени дополнителни тестови и се чини дека сепак не се работи за сериозна повреда.

Ливерпул во моментот е на 4-то место во Премиер лигата и има 2 бода повеќе од петто пласираниот Арсенал.