Салах на плажа го продолжи договорот со Ливерпул

Мохамед Салах го продолжи договорот со Ливерпул и ќе настапува за клубот од Енфилд до 2025.година.

Ливерпул објави видео запис со наслов „Салах останува“, и во видеото напаѓачот од Египет ужива на плажа и го облекува црвениот дрес на тимот.

„Ливерпул со огромно задоволство може да потврди дека Мохамед Салах потпиша нов долгорочен договор со клубот“, стои во соопштението на Ливерпул.

Салах во Ливерпул е пет години, и за тоа време одигра 254 натпревари и постигна 156 гола. Медиумите истакнуваат дека со новиот догоговор Салах ќе заработува 400 илјади фунти неделно.