Санчез Викарио се соочува со затворска казна заради финансиска проневера

Аранча Санчез Викарио, некогаш прва тенисерка на светот, е во големи финансиски проблеми.

Според „Тенишед“, таа се соочува со тужба која може да заврши со одлука за долгорочна затворска казна.

Должи 5,2 милиони евра на Банката на Луксембург на име даноци што никогаш не ги платила. Порталот пренесува дека Аранча и нејзиниот сопруг Хосеп Сантана имале план да го заобиколат плаќањето на данокот на доход. Се започнало кога Санчез Викарио излезе во јавноста со приказната дека била изманипулирана и дека во текот на нејзината кариера родителите се грижеле за сите аспекти од нејзиниот живот, вклучувајќи ги и финансиите.

Инаку, Санчез Викарио на 18 декември го прослави својот 50-ти роденден.