Саудиските клубови го сакаат Мајк Мањан

Продолжува неизвесноста околу иднината на голманот на Милан, Мајк Мањан, откако се појавија нови шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран тимот на Ал-Наср за кого настапува Кристијано Роналдо.
Французинот уште не се појавил во тренинг кампот на „нероаѕурите“ што дополнително ја зголемува неизвесноста дали ќе остане во фудбалска Италија.
Чуварот на мрежата на екипата од Милано иако има договор до јуни во 2031 година, најави, дека сака да си замине бидејќи не е задоволен како се одвиваат работите во клубот.