Седмо засилување во Пелистер, потпиша Лука Савичевиќ

КК Пелистер денес го објави и седмото ново име и засилување во нивната екипа за наредната сезона.
Станува збор за уште еден млад македонски кошаркар, Лука Савичевиќ.
24-годишниот Савичевиќ доаѓа во Битола од екипата на Феникс во која играше во вториот дел од минатата сезона, во која претходно настапуваше шпанската кошаркарска академија (СБА).
Лука има и искуство од американската универзитетска НЦАА лига, настапувајќи за тимовите на Источен Мичиген и Лафајет колеџ.