Сем Кендрикс ќе ги прескокне Игрите заради позитивен тест на ковид-19

Двократниот светски шампион во скок со стап, Сем Кендрикс од САД, нема да настапи на Олимписките игри во Токио поради позитивен тест на корона-вирус.

„Во согласност со локалните правила и протоколи, тој беше преместен во хотелот и ставен во изолација“, соопшти Олимпискиот комитет на САД.

28-годиниот Кендрикс  кој е светски шампион од 2017 и 2019 година и воедно освојувач на бронза од Рио 2016 година, требаше да има жестока битка за златото со Швеѓанецот, Арманд Дуплантис.