Симонс пред потпис со Сакраменто Кингс

Бен Симонс е пред потпис во Сакраменто Кингс.
Генералниот менаџер на клубот, Скот Пери, ќе присуствува на негов тренинг на Флорида
Симонс последен пат играше во НБА во сезоната 2024/25 за Бруклин и Лос Анџелес Клиперс, а минатата сезона ја пропушти поради здравствени проблеми.
Сега е здрав и повторно тренира без ограничувања.
Поранешниот прв пик на драфтот се надева дека ќе добие нова шанса во најсилната кошаркарска лига, а тренингот пред луѓето од Сакраменто може да биде важен чекор кон тоа.
Во својата НБА кариера Симонс настапуваше најдолго за Филаделфија 76ерс, а потоа беше дел и од Бруклин Нетс и Лос Анџелес Клиперс.