Сити ги купува Енцо Фернандез и Ајуб Буади

Поразот од Арсенал покажа дека Сити во моментов не е на нивото на актуелниот англиски шампион, а една од причините е што остана и без еден од клучните играчи.
Но, финансиската моќ на премиерлигашите ќе стапи на сцена и во оваа ситуација, па Сити подготвува двојно засилување, за што ќе потроши над 200 милиони евра.
Преговорите за Ајуб Буади од Лил се одамна започнати и францускиот клуб очекува околу 100 милиони евра за Мароканецот, додека вториот играч кој е интересен за екипата од „Итихад“ е Енцо Фернандез.