Скалони останува селектор на Аргентина до 2026 година

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Скалони ќе остане да ги води „гаучосите“ уште четири години.

Скалони, после одличните резултати е награден со нов договор со кој ќе го заврши циклусот на Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.

Веста за новиот договор ја потврди и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина Клаудио Тапија, и тоа после победата над Јамајка со 3:0.

Аргентина со Скалони на клупата, не е поразена на последните 35 натпревари. На мундијалот во Катар ќе бидат во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.