Скандалот на Абидал му донесе развод и лош публицитет

Хајет, која му е сопруга на поранешниот фудбалер и спортски директор на Барселона Ерик Абидал, ќе поднесе барање за развод откако дознала дека името на нејзиниот сопруг е вмешано во аферата – „Амрауи“.

Познато е дека фудбалерката на Пари Сен Жермен, Кира Амрауи, беше нападната и претепана од маскирани лица. Нејзината соиграчка од ПСЖ, Амината Диало, беше осомничена и беше приведена, но, подоцна е ослободена без обвинение. Адвокатот на Хајет Абидал, објави куса изјава во која ја објаснува одлуката – Принудена од околностите и крајно незадоволна од аферата Амрауи, Хајет Абидал ќе поднесе барање за развод“, се вели во соопштението.

Името на Ерик Абидал беше вмешано во аферата откако судот утврди дека „бубачката“ од прислушувањето пронајдена во телефонот на жртвата е негова.