Сколс верува дека Погба ќе потпише нов договор со Јунајтед

Манчестер Јунајтед на фантастичен начин ја започна новата сезона во Премиер лигата и тоа со триумф над Лидс од 5-1.

Легендата на Јунајтед, Пол Сколс верува дека ваквите изданија како денешното ќе го натераат Погба да потпише нов договор.

„Мислам дека ќе остане. Мислам дека тоа ќе го направи. Кога играше пред неколку години во тим кој не функционираше добро како што изгледа овој, со бројот на напаѓачки играчи, со вештината што ја има мислам дека ќе му додаде многу за овој тим. Мислам дека тој ќе заврши со потпис на нов договор. Ако овој тим продолжи на овој начин, напредува како што е – не сакам да се возбудувам премногу – но тоа е тим што може да продолжи и да освојува трофеи и тоа е она што тој сака да го направи“, истакна Сколс.