Сон се израмни по бројот на премиерлигашки хет-трикови со Кристијано Роналдо

Напаѓачот на Тотенхем, Хеунг-Мин Сон вчеравечер постигна три гола на натпреварот од 8. коло на шампионатот на Англија против Лестер (6-2).

Кореецот по трет пат во кариерата постигна три гола на еден натпревар во Премиер лигата. Фудбалерот во оваа статистичка категорија се израмни со Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед. Рекордот за најмногу хет-трикови во Премиер лигата го држи поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Агуеро (12). Тотенхем е на делба на првото место во Премиер лигата со Манчестер сити, пред Арсенал кој има 15 бодови и натпревар помалку.