Спалети: Некогаш се разделувате од премногу љубов!

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ја потврди веста дека го напушта клубот по крајот на сезоната. На наполи му остана уште еден натпревар во сезоната, веќе го подигнаа Скудетото во Серија А, откако одиграа навистина импресивна сезона и во однос на играта и на резултатите.

Сепак, шпекулациите за иднината на Спалети се актуелни со недели и покрај одличните перформанси на тимот, а конечното заминување на тренерот вчера го потврди и претседателот Аурелио Де Лаурентис.

„Понекогаш се разделувате поради премногу љубов. Нема да останам, си одам. Нема шанси да се предомислам. Веќе пред неколку недели им кажав на луѓето во клубот дека ми треба една година одмор. Нема да преземам друг тим. Сега ќе одморам една година“, изјави Спалети.

Според последните шпекулации во печатот, Џанпјеро Гасперини и Луис Енрике се главни фаворити за да седнат на клупата во Наполи.