Српски напаѓач ќе стане најскапиот екс-ју играч во историјата?!

Атлетико Мадрид е актуелен шампион на Шпанија, а се чини дека во трансфер периодот ќе направи се што треба да ја задржи таа титула.

Според италијанските медиуми, клубот од Мадрид подготвува понуда од дури 70 милиони евра за Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач на Фиорентина. За трансферот се наведуваат и бонуси, па конечната сума ќе достигне до околу 80 милиони евра. За потсетување, и Тотенхем е во трка за потписот на Влаховиќ, но Атлетико наводно има многу подобра понуда.

Кога овој трансфер би се реализирал, Влаховиќ би станал најскапиот екс-ју фудбалер во историјата. Засега, тој рекорд го држи Миралем Пјаниќ, кој во Барселона пристигна за 60 милиони евра.

Влаховиќ минатата сезона постигна 21 погодок во италијанското првенство, а тамошните медиуми го сметаат за еден од најдобрите млади фудбалери во лигата.