Стеф Кари одлучи кариерата да ја заврши во Голден Стејт Вориорс

Стеф Кари нема никакви дилеми околу желбата каде ќе ја заврши својата богата кариера нормално во Голден Стејт.

Тој има опција да потпише нов, двегодишен максимален договор вреден повеќе од 130 милиони долари следното лето.

Според „ESPN“, Вориорс практично го оставија Кари за самиот да ги постави условите на новиот договор. „Нема сомнение дека сакам да останам до крајот на кариерата и сум апсолутно сигурен дека тоа ќе се случи“, рече Кари претходно.

Најголемата загриженост е повредата на коленото.

Минатата сезона одигра само околу 40 натпревари, а ако закрепнувањето оди добро, се очекува легендарниот бек да одигра над 70 натпревари во следната сезона.