Тијафо му донесе победа на „Тимот на светот“ во Лејвер купот

Американскиот тенисер Френсис Тијафо го совлада Гркот Стефанос Циципас и на тој начин донесе триумф за „Тимот на светот“ против „Тимот на Европа“  од 13:8 на Лејвер купот одржан во Лондон.

„Тимот на светот“ ги освои неопходните 13 поени поради што беше откажан последниот натпревар во сингл кој требаше да се одигра помеѓу Каспер Руд и Тејлор Фриц.

За „Тимот на светот“ова е прва историска победа во Лејвер купот, додека „Тимот на Европа“ досега има триумфирано четири пати.