Томовски блесна, но Битингхајм загуби од Кил

Македонскиот голман, Мартин Томовски имаше одлично издание против германскиот ракометен гигант Кил во меч од второто коло од ракометната Бундеслига.
Нашиот голман имаше дури 13 интервенции, но тоа не му помогна на Битингхајм да избегне пораз.
Кил беше голем фаворит во овој натпревар и победи лесно со 36-28.
Голманите на Кил, Перез де Варгас и Волф заедно имаа десет интервенции, но сета таа статистика на голманите не влијаеше на крајниот резултат.