Тотенхем го потврди трансферот на Мудрик

Тотенхем официјално го потврди ангажманот на Михајло Мудрик, кој доаѓа од Челси на едногодишна позајмица.
Украинскиот крилен напаѓач ќе остане во Северен Лондон до крајот на сезоната 2026/27, а договорот меѓу двата клуба содржи и опција Тотенхем трајно да го откупи неговиот договор.
Мудрик повторно ќе соработува со Роберто Де Зерби, под чие водство настапуваше во Шахтјор Доњецк. Тренерот на Тотенхем добро го познава украинскиот репрезентативец и верува дека може да му помогне да ја врати формата и да го покаже потенцијалот кој го доведе во Челси.
Дваесет и петгодишниот фудбалер во јануари 2023 година пристигна во Челси од Шахтјор за иницијална сума од околу 70 милиони евра, која со бонуси можеше да достигне околу 100 милиони евра.
Мудрик во дресот на Челси одигра 73 натпревари, постигна 10 голови и запиша 9 асистенции. Во последниот период, сепак, неговиот развој беше запрен поради долгата пауза од фудбалот.