Трабзонспор го смени тренерот по лошиот старт на сезоната

Трабзонспор се раздели со тренерот Фатих Теке, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката.

Турскиот клуб не ја започна новата сезона според очекувањата, што на крајот доведе до одлука за промена на тренерската позиција. Трабзонспор во првите три кола од турското првенство освои само четири бода.

Дополнителен удар за тимот беше елиминацијата во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Трабзонспор беше елиминиран од унгарски Ференцварош и ќе продолжи во Лигата на конференции.

Интересно, Теке пред само четири месеци го предводеше Трабзонспор до трофејот во Купот на Турција, но лошиот почеток на новата сезона и неуспехот во европските квалификации беа пресудни за неговото заминување.