Тројца ковид-позитивни во У21 репрезентацијата пред дуелот во Франција

Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7 септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.

Селекторот Драги Канатларовски се соочува со проблеми поради отсуството на Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички). Тројцата поради позитивен Ковид-19 тест ќе ги пропуштат двата воведни натпревари од квалификациите за ЕП 2023. Амел Рустемоски од швајцарски Вил поради повреда заработена на клупскиот тренинг не е во можност да се стави на располагање за првиот меч против Франција.