Тухел: Имаме проблем со реализацијата, претходно бевме поефикасни

Напаѓачите на Челзи прават грешки, бидејќи добиваат  многу задачи на дефанзивен план, изјави менаџерот на „сините“, Томас Тухел, пред утрешниот меч на теренот на Ватфорд во новата рунда во фудбалската Премиер-лига.

„Мислам дека нашите напаѓачи се обидуваат. Мораме да цениме дека кога имаат шанса, честопати не се максимално опуштени. Мислам дека претходно сме постигнале многу голови. Сите им веруваме бидејќи знаеме дека имаат класа за да постигнат гол. Наше е како тренери да ги ставиме во позиција да постигнуваат многу голови“, објасни Тухел.