УЕФА ги изрече казните за Гринвуд и Гендузи

УЕФА ги изрече казните за инцидентите кои се случија по реваншот од плејофот за пласман во Лигата на шампионите меѓу Лион и Фенербахче.

Фенербахче славеше со 2-1 и обезбеди пласман понатаму, но натпреварот беше проследен со тензии и немили сцени по последниот свиреж.

Најтешка казна доби фудбалерот на Фенербахче, Матео Гендузи. Французинот е суспендиран на четири европски натпревари, од кои два се ефективни, додека преостанатите два се условни во период од една година. Покрај суспензијата, Гендузи ќе мора да плати и 50.000 евра.

Казната е последица на неговото однесување по натпреварот, кога со провокативни гестови ги испровоцира домашните навивачи. Ситуацијата дополнително се вжештила и довела до физички пресметки меѓу членовите на двата тима.