Унаи Емери го враќа Азар во Премиер лигата

Азар повеќето натпревари ги следи од клупата – само во белгиската репрезентација игра нешто повеќе. Намерата на Реал е да го продаде крилниот напаѓач, а англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека Астон Вила е заинтересирана да го доведе Белгиецот уште овој јануари.

Вила, која неодамна ја презеде Унаи Емери, е подготвена да го врати Азар на Островот. Еден има договор со Реал до 2024 година, се уште не е јасно дали Астон Вила прво би се обидела со позајмица, па дури потоа откуп.

Клубот од Бирмингем се бори за опстанок во ПЛ, има само бод повеќе од Лестер кој е во опасната зона. Интересно би било да се врати Азар во англискиот фудбал и тоа во тандем со Фелипе Кутињо кој го носи дресот на Вила.