Усик и Фјури договорија термин за боксерски спектакл

Светската боксерска асоцијација (ВБА) во саботата објави дека е постигнат договор околу борбата меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик, за апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Најавата на ВБА следи по долгите преговори за борбата на 29 април на Вембли, при што боксерите ги користат социјалните мрежи за да се рекламираат и да поставуваат услови.

Шампионот на ВБЦ, Фјури, во петокот изјави дека Усик, шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО, треба да добие 30 отсто од заработката од борбата, со што битката е загрозена. Усик на социјалните мрежи во петокот вечерта изјави дека се согласува со понудата, но само доколку Фјури донира еден милион фунти за Украина.

„Претседателот на ВБА доби информација од таборите на Олександр Усик и Тајсон Фјури дека е постигнат договор за меч за обединување на титулата“, се вели во соопштението на ВБА.