Фалкао: Дојдов во Рајо да постигнам многу голови

Новото засилување на фудбалскиот состав Рајо Валјекано, Радамел Фалкао е убеден дека половина од Колумбиците ќе ги гледа натпреварите на неговиот тим.

„Знам дека колумбискиот народ ќе не поддржи Рајо и мене. Се надевам дека ќе донесам голема радост на теренот. На стадионот ќе има многу Колумбијци. Имаме големи цели во Ла Лига. Очекувам да помогнам со сето мое искуство. Исто така, се надевам дека ќе постигнам многу голови. Нема да ми треба многу време за да се адаптирам“, рече Фалкао.