Федерер на нова операција, во „аут“ на подолг период

Роџер Федерер објави дека повторно ќе го оперира коленото, што ќе го оддалечи од тениските терени на „повеќе месеци“.

„Да би се чувствувал подобро, морам да го оперирам коленото, што значи дека ќе паузирам повеќе месеци.“ – изјави 40-годишниот Федерер додавајќи: „Сакам да си дадам надеж дека ќе се вратам на теренот на овој или оној начин. Реален сум, сфатете ме. Знам доста добро колку е тешко на овие години да се оди на операција. Ќе се обидам да се вратам на теренот.“

Поранешниот светски рекет број еден годинава веќе два пати отиде на операција на коленото и одигра само 13 натпревари, запишувајќи 9 победи. Не настапи уште од Вимблдон, пропуштајќи ги Олимписките игри во Токио, а ќе го пропушти и УС Опен.