Фернандеш ќе добие нов договор во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е заинтересиран да потпише нов договор со играчот за врска Бруно Фернандеш.

Според новинарот Николо Шира, двете страни преговараат уште од минатата недела за продолжување на договорот, кој сега би бил со родолжена важност до 2026 година.

Актуелниот договор на фудбалерот е до летото 2025 година. Португалецот постигна 18 гола на 37 натпревари во Премиер лигата минатата сезона и беше еден од најдобрите фудбалери во редовите на англискиот вицешампион.