Фернандо Сантош е нов селектор на Полска

Португалскиот тренер Фернандо Сантош и официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска.

Сантош потпиша договор со Фудбалскиот сојуз на Полска до јуни 2026.година. Искусниот 68-годишен португалски стручњак на селекторското место ќе го замени Чеслав Михневич,кој доби отказ после несупехот со Полска на Светското првенство во Катар.

„За мене е голема чест да ја водам Полска, бидејќи станува збор за земја со богата фудбалска историја кој ја одбележа мојата генерација. Репрезентацијата на Полска има доста квалитетни фудбалери, и се наоѓа меѓу најдобрите светски селекции. Од денес сум Пољак, и сум еден од вас. Уверен сум дека ќе ја оствариме целта“, изјави Сантош при официјалната промоција.

Сантош поднесе оставка на функцијата селектор на Португалија после елиминацијата од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.