Френк Лампард заинтересиран за клупата на Лестер

Поранешниот тренер на Челзи, Френк Лампард пројавил интерес за работа со екипата на Лестер, објавува Еуроспорт. 

Лампард неодамна се поврзуваше со преземање на тренерската позиција во Норвич, но по првичните разговори реши да се откаже од неа. 

43-годишниот поранешен англиски репрезентативец би сакал да ги тренира популарните „лисици“ доколку Брендон Роџерс кој е актуелен тренер го напушти клубот. Роџерс се споменува како еден од главните фаворити за наследник на Оле Гунар Солскјер во случај Норвежанецот да добие отказ од Манчестер Јунајтед.