Хамилтон размислува за пензија од формула 1 спортот

Луис Хамилтон го сподели своето мислење за крајот на кариерата.

„Често размислувам за пензија. Во текот на изминатите пет години, имаше многу пати кога не знаев дали навистина сакам да продолжам да тренирам на сметка на мојот личен живот. Впрочем, има и други работи што ги сакам. Всушност, има многу работи што би сакал да ги пробам. Од друга страна, си велам дека имам многу среќа што добив таква работа. Генерално, кариерата зад воланот на автомобил ќе биде само мал дел од мојот живот“, изјави Хамилтон.

Британецот од тимот на Мерцедес е седумкратен светски шампион во Формула 1. Во јули, Мерцедес објави продолжување на договорот за возачот до крајот на сезоната 2023 година.