Хамилтон ќе го продолжи договорот со Мерцедес

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, во изјава за медиумите најави дека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, би можел да го продолжи договорот со тимот до трката за Големата награда на Канада која се вози претстојниот викенд.

Договорот на Хамилтон со Mерцедес истекува за шест месеци, и веќе се појавија шпекулации дека тој има понуда од Ферари, меѓутоа Волф изјави дека Британецот е на чекор до постигнување договор околу нова соработка.

Очекувањата се дека новиот договор со 38-годишниот возач ќе биде за период од неколу години и дека тој ќе продолжи да настапува во Формула 1 и во иднина.

Ф1 шампионатот продолжува во недела за Големата награда на Канада.