Хозе Домингез пристигна под „Тумбе кафе“

Oткако го доведе Бразилецот Јуфо, битолски Пелистер се засили и со Шпанецот Хозе Домингез.

Во Битола 29-годишниот Домингез доаѓа од Валенсија од Малдиви и станува збор за фудбалер кој може да одговори на неколку позиции, но природна му е стоперската. Може да помогне и како десен бек и како последен играч за врска.

Низ кариерата Домигез настапуваше за клубови од пониските лиги во Шпанија, Гибралтар, Норвешка, Малдиви…

Ќе потсетиме, Пелистер сезоната ја отвори со пораз од Македонија Ѓорче Петров (1-0). Во второто коло во недела ќе се сретне со Струга Трим Љум.