Холандија остана без еден од клучните играчи за ЕП

Холандија останува без еден од своите клучни играчи во средниот ред, откако беа потврдени сомнежите дека Дони Ван Де Бек нема да игра на ЕУРО 2020. На официјалните страни на холандската фудбалска федерација, објавено е дека поради повреда, младиот играч на Манчестер Јунајтед ќе го нема на првенството, но сепак селекторот Франк Де Бур нема да повика замена.

Ван Де Бек, заедно со Матијс Де Лихт, тренираа одвоено од останатите соиграч во репрезентацијата, но за разлика од фудбалерот на Јунајтед, Де Лихт доби дозвола од лекарскиот тим за настап на Европското првенство.

Инаку, Холанѓаните се во група со Македонија, а против нас играат во последното коло во Амстердам, пред тоа отвораат со Украина, а во второто коло ќе се судрат со Украина.