Хосан Хасан доби нов договор како египетски селектор

Египетската фудбалска асоцијација потврди дека Хосам Хасан кој имаше забележителен настап на последниот Мундијал, ќе остане на кормилото на репрезентацијата до 2030 година.

„Тој донесе нова енергија и визија во тимот. Веруваме дека под негово водство ќе постигнеме уште поголем успех“ – рече претседателот на организацијата.

„За мене е чест да продолжам да ја водам египетската репрезентација. Имаме состав со кој можеме да постигнеме многу“ – рече легендата на египетскиот фудбал кој е воедно и најдобар стрелец во историјата на „фараоните“.