Хоселу од Еспањол се сели во Реал Мадрид

Челниците на Реал Мадрид сакаат во летниот трансфер период да го ангажираат фудбалерот на Еспањол, Хоселу.

Бидејќи неговиот тим испадна од елитата на Шпанија, 33-годишниот напаѓач ќе може без проблеми да си замине иако има тековен договор. Преговорите меѓу Реал Мадрид и Хоселу наводно, се во напредна фаза.

Искусниот играч има 38 настапи за Еспањол во сите натпреварувања. Тој постигна 17 голови и направи 3 асистенции.