Хојлунд е фудбалер на месецот во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд е прогласен за најдобар играч во февруари во Премиер лигата.

Тој во изминатиот месец на 4 натпревари постигна 5 гола и направи 1 асистенција. 21-годишниот напаѓач е првиот Данец кој ја освоил таа награда.

Хојлунд ги победи Фил Фоден (Манчестер Сити), Жоао Гомез (Вурверхемптон), Паскал Грос (Брајтон), Родриго Муниз (Фулам), Букајо Сака (Арсенал) и Оли Воткинс (Астон Вила).