Циципас: Зошто ова правило постои само во тенисот?

Тенисот е единствениот глобален спорт во кој тренерите во текот на натпреварот не смеат да им даваат совети на играчите. На Дејвис Куп натпреварите тоа е дозволено, но на останатите не.

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас смета дека тоа правило е бесмислено и дека тенисот, доколку сака да оди напред, мора да им дозволи на тренерите да им помагаат на своите играчи.

„На тренерите треба да им се дозволи да даваат совети по секој поен. Нашиот спорт тоа треба да го прифати. Веројатно сме единствениот глобален спорт во кој тоа не е дозволено. Направете го тоа легално. Крајно време е да направиме голем исчекор.“ – пишува Циципас.