Чави негира дека Агуеро ја завршува кариерата

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, после победата во градското дерби со Еспањол кој Барса го доби со 1:0, изјави дека имал телефонски разговор со Серхио Агуеро и не добил никакви информации од него дека престанува со играњето фудбал.

Претходно низ медиумите се појави информацијата дека поради срцева аритмија која му беше откриена, Агуеро наводно завршува со својата играчка кариера и оди во предвремена пензија.

Серхио Агуеро минатиот месец поради болки во градите го напушти теренот на средбата со Алавес и беше одведен во болница на дополнителни испитувања.