Челзи го договори Дибу Мартинез, Аргентинецот доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Челзи го договори трансферот на голманот Емилијано Мартинез од Астон Вила. Како што објавија англиските медиуми, клубот од „Стенфорд Бриџ“ за аргентинскиот голман ќе плати девет милиони евра.

Аргентинскиот репрезентативец наскоро треба да помине лекарски прегледи во Лондон, по што ќе потпише договор со „Сините“.

Доаѓањето на 33-годишниот голман следеше по новите критики кон Роберто Санчез.

Шпанецот направи неколку големи грешки против Фулам (3:2) во понеделникот, вклучувајќи ја и онаа на голот на Џош Кинг.

Челзи претходно се обиде да го поддржи Санчез, но неколку дена пред крајот на преодниот рок одлучи да го доведе искусниот Мартинез.

Астон Вила беше подготвена да го продаде Аргентинецот откако овој месец го потпиша Зајон Сузуки од Парма за околу 35 милиони евра.

Мартинез претходно беше блиску до трансфер во Јувентус, но тој трансфер пропадна поради загриженост за повреда на прстот.