Челзи фрлил око на Пабло Бариос

Челзи беше еден од најактивните во летниот преоден рок. Клубиот од „Стенфорд Бриџ“, преодниот рок го заврши во плус од 40 милиони евра. На засилувања „сините“ потрошија 407 милиони евра, а од продажба на 20 фудбалери 447,50 милиони евра.

Колку и да имаа успешен преоден рок, во Челзи не се задовлни, бидејќи во финишот извисија за трансферот на Ламин Камра од Монако. Овој играч требаше да биде замената за Енцо Фернадез, кој во рекорден трансфер замина во Манчестер Сити.

Токуму поради пропаднатиот трансфер на Камара, менаџерот Чаби Алонсо, веќе го планира преодниот рок во јануари наредната година.

Англиските медиуми, тврдат дека во јануари Челзи ќе се обиде да го донесе шпанскиот играч од средниот ред на Атлетико Мадрид, Пабло Бариос, кој има договор со „Јорганџиите“ до летото 2030 година.

Проблемот е што Атлетико, барем според извори блиски до клубот од Мадрид, нема намера да го продаде Бариос, а неговата откупна клаузула е 500 милиони евра.

Секако, „Сините“ не се подготвени да платат толку многу за 23-годишниот играч од средниот ред, но се убедени дека понуда од 100 милиони евра може да ги омекне челниците на Атлетико, а ако ништо друго, „да ги принуди да преговараат“.